(Видео) Погледнете ја првата песна на новата ѕвезда – Адел

Кралицата на ромската музика – Роксана и Адел ги поставија темелите на новата музичката компанија Grand Music Studio во Бугарија, сопственост на Роксана и нејзиниот долгогодишен пријател и пиар Алекси Маринов.

Младата надеж на компанијата, Адел официјално ја претстави и својата прва песна и видеоспот која го носи насловот „Раздяла парти“. Песната е по музика на Даниел Димитров, со аранжман на Спас Лазаров, додека пак за текстот се погрижи Петја Радева.

„Еден од најпрекрасните моменти во мојот живот. Тоа е денот кога ја запишав мојата прва песна, која и ви ја претставувам сега. За мене чувството беше неверојатно и со неа ми се оствари мојата најголема желба“ – изјави за нас Адел, додавајќи дека работи уште по други два нови проекти, од кои едната песната ќе биде во брз ритам, а другата ќе биде балада.

Во прилог, слушнете ја „Раздяла парти“:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Grand Music Studio

©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *