![]() |
Бони |
Една од емблемите на бугарскиот попфолк Бони, после неверојатниот успех на дуетот „Време е“ со Емир Џуловиќ која ја претстави минатата година и веднаш се претвори во една од најслушаните песни на годината, одлучи своите обожователи да ги израдува со нова песна.
Баладата „Дявол и кръст” е најновиот видеоспот на пејачката кој може да го гледате во официјалниот канал на пејачката во YouTube – Boni (Official) Баладата е по музика на Саша Лазиќ, аранжман на Аца Красмановиќ, со текст на Мариета Ангелова, додека пак режисер на видеоспото е Добромир Николов.
![]() |
Бони |
„Ви ја претставувам песната „Дявол и кръст” која ја испеав со многу љубов. Со порака за тенката граница помеѓу љубовта и омразата. Нека да бидеме полни со љубов и да не се повредуваме. Со љубов, ваша Бони“ – сподели таа.
![]() |
Бони |
Во прилог, погледнете ја баладата:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Бони