![]() |
Јунона |
Јунона, денес во програмата на телевизија Планета ќе ги претстави своите омилени хитови во два термини, односно од 11:05 и 20:05 часот по Планета Тв, а од 13:05 и 22:05 часот и по Планета HD.
Таа повикува да се запазат мерките пропишани од државните органи и да се пројави повеќе толеранција и човечност.
„Тоа ќе не задржи, затоа што по принцип сме посилни од сѐ што ни се случува. Се надевам и верувам дека се лошо ќе помини и ако животот не сретнува со доста тешки моменти, тие ќе бидат надминати полесно само од добронамерните, чесните луѓе.“
![]() |
Јунона |
Потсетуваме дека Јунона е нестрплива да ги претстави своите први албуми, а во кои ќе бидат собрани песни од нејзината цела кариера, како и доста нови и непознати за публиката. Едниот албум ќе биде со народни песни, а другиот со попфолк песни.
Пејачката минатата година кога направивме интервју со неа,екслузивно ни откри дека планира да издаде два албуми, по што очекуваме наскоро да издаде повеќе информации:
„Ќе ви откријам дека и попфолк и народен албум планирам да издадам, кои ќе бидат или во едно CD или ќе направам два албуми, но засега ја чекам да се заврши народната песна и да се реализира и видеото за кое ви спомнав кое ќе излези во почетокот на јуни месец и тогаш ќе започнам интензивно со работа по албумите“.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ