![]() |
Малката и Денис Теофиков |
Малката и Денис Теофиков ги воодушевија нивните обожователи со нова песна, која носи наслов „И това ще отмине” и е во контекст на ситуацијата во која се наоѓаме поради пандемијата Ковид -19.
Песната во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial бележи рекордна посетеност со над 6 милиони прегледи и е дело на Diamond Beat Production, со текст соработка помеѓу Анастасија Мавродиева и Diamond Beat Production. Во видеото Малката и Денис Теофиков се појавуваат со маски врз лицето, давајќи им пример на младите луѓе да ги почитуваат мерките пропишани од страна на нивната Влада.
Во прилог, погледнете го хитот на пролетта:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ