(Видео) Погледнете го новиот брутален хит на Преслава – “Беден в сърцето”

Преслава


Преслава ги избра последните денови од пролетта, за да ја представи својата најнова песна “Беден в сърцето”.  Музичкото парче ја направи својата премиера пред броени минути ексклузивно во официјалниот канала на пејачката во YouTube – PRESLAVA, а уште оваа вечер ќе имате можноста да го видите по програмата на телевизија Планета.

Композиторот Даниел Ганев и и писателите Анастасија Мавродиева и Росен Димитров  се авторите, кои ги обединија нивните креативни идеи за новиот хит на Преслава, а евидеото  е дело на режисерот Виктор Антонов, со камерман Радослав Гочев.
Преслава

За време на снимањето на новата песна, пејачката сними и нова фотосесија, а фановите се категорични дека парчето ќе стани еден од хитовите на 2020-та година, а  први ќе имаат можноста на живо да го слушнаат нејзините обожователи во Пловдив, Secrets Folk & More Club оваа вечер.


Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ/ Преслава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *