(Видео) Саша Ковачевиќ освојува со новата песна во латино стил „Moja malena“

Саша Ковачевиќ


Саша Ковачевиќ, како што најави претходно, проектот „METAMORPHOSIS“ е време целосно да биде претставен на публиката и после успешната песна „Pantera“и нејзината верзија на шпански јазик под наслов „Cerquita“, слушателите вчеравечер точно во 20 часот имаа можност да ја преслушаат преубавата песна во латино стил „Moja malena“, која ќе се врти и по Toxic TV.

Песната освојува со својот звук, текст и видео пренесувајќи не сите во Доминканската Република каде што и овој видеоспот е снимен. Како автори на музичкото парче кое со сигурност ќе се претвори во летен хит, затоа што Саша секогаш ги има хитовите на годината не само во соседна Србија, но и на целиот Балкан е дело на браќата Ковачевиќ, додека пак за романтичниот текст беше задолжен Милош Рогановиќ.

Во прилог, погледнете за што стаува збор додека ги очекуваме уште двете песни „Onа“ и  „Afera“:

Автор: Наташа Секуловска
Фото: YouTube

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *