(Видео) Марија и Тони Стораро изненадија со дует- Погледнете ја песната „В сезона на греха“


Марија и Тони Стораро ги изненадија своите обожователи со дует кој го носи насловот „В сезона на греха“  и истиот покрај во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial, може да го гледате и во програмата на Планета ТВ, Планета HD, Планета 4K.

Песната беше запишана во текот на месец мај, кога и самата изведувачка на Пајнер – Марија ја соопшти веста дека подготвува дует со човекот – глас Тони Стораро. „В сезона на греха“  е со специјалното учество на Trymaх оркестарот и е по музика на Витко Шеретов, со текст на Мариета Ангелова, аранжман изработен од страна на Тони Стораро, додека пак за видеото се погрижи Николај Скерлев.


„Еден подарок од мене и човекот – глас Тони Стораро. Благодарам на Ники Скерлев и целиот тим кој работеше по проектот. Ве сакам“ – изјави Марија.

Во прилог погледнете ја песната:


Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *