![]() |
| Катарина Живковиќ |
Српската пејачка Катарина Живковиќ реди успех зад успех со своите песни, а нејзините обожователи се на едногласно мислење дека е време да ги израдува и со голем солистички концерт, а инцијатата од нивна страна пристигна откако ги освои целосно пред неколку дена со песната „Ne javljajte“.
Песната е дело на Дејан Костиќ и дефинитивно во неа ќе се пронајдат голем број на девојки кои поминале низ тежок емотивен период. Во видеото кон песната Катарина блеска во заводливо издание, демонстрирајќи повеќе од одлична фигура, а истото е дело на Tropical LifeIsFun режисирано од страна на Љуба Радојевиќ.
![]() |
| Катарина Живковиќ |
Катарина како што изјави за време на пандемијата, подготвува многу проекти кои планира да бидат претставени до крајот на оваа година, а дел од нив е и песната „Ne javljajte“ која го освои целиот Балкан.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Катарина Живковиќ



