![]() |
Малката и Денис Теофиков |
Идолот на многу тинејџери во соседна Бугарија – Денис Теофикови неговата колешка Малката, конечно ставија крај на сите гласини и го претставија својот прв дует под наслов „Полудяваш” (Полудуваш) по телевизија Планета.
Нивниот прв дует се покажа како добитна комбинација и за само три дена регистрира 900.000 прегледи и ги намести на првото место по слушаност и гледаност во YouTube. Песната е по музика и аранжман на Diamond Beat Production, додека пак текстот е соработка помеѓу Анастасија Мавродиева и Diamond Beat Production. Видеото е режисерирано од страна на Људмил Иларионов – Љуси, со камерман Георги Марков.
![]() |
Малката |
Потсетуваме дека двајцата изведувачи ќе учествуваат на големиот годишен концерт на омилената бугарска телевизија „Планета“ на 3-ти декември каде што на живо за прв пат ќе биде ппретставен нивниот дует. Картите се веќе во продажба и може да ги купите и онлајн во мрежата на Eventim.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ