Анелија после успехот на дуетот „Милиони“ со својот колега Денис Теофиков, издаде нова самостојна песна која ја подготвуваше подолг временски период и истата ја направи својата премиера по Планета Тв и во моментов се радува на одличен успех.
„Пие ми се“ е дело на композиторот Велисав Драганински, со текст изработен од страна на Мариета Ангелова, тимот кој е заслужен за многу хитови во почетокот на кариерата на Анелија. Видеото кое предизвика лавини од коментари низ социјалните мрежи е на режисерот Стефан Маринов – Buddubbaz Tape.
“Пораката на песната е дека многу луѓе се чуствуваат сами и бегаат од реалноста. Секое нешто си има причина, но често пати гледам луѓе кои имаат сѐ, а по цела ноќ се несреќни и сами… тоа го почуствував и го пренесов низ песната“ – откри Анелија во емисијата „На кафе“.
За време на снимањето на видеото, пејачката сними и нова фотосесија со фотографот Теди Грозданов која екслузивно ви ја претствуваме во делот Галерија, а во прилог погледнете за што станува збор:
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ