Една од емблемите на бугарскиот попфолк Бони, одлучи своите обожователи да ги израдува со нова песна.
Песната „Стриптийз“ е најновиот видеоспот на пејачката кој може да го гледате во нејзиниот официјалниот канал во YouTube – Boni (Official). Парчето е по музика и аранжман на Дејан Асенов, со текст на Мариета Ангелова, додека пак режисер на видеоспотот е Добромир Николов, кој овој пат прати една љубовна историја во која се покажува дека изневерувањето не е убаво нешто и дека предизвикува голема болка, која никогаш не зараснува. Во него во главна улога ќе го видиме и бугарскиот инфлуенсер Стефан Попов.
„Можеме ли да не се повредуваме?! Можеме ли да не се караме и да не изневеруваме?! Не е ли поубаво таквите ситуации да ги претвориме во една љубовна игра и интересен филм? Филм, кој може да ни даде нов поглед на нашиот живот… слушајте ја и се забавувајте на ,,Стриптийз” и не заборавајте да го зграпчите животот и да не попуштате во својот избор! Со љубов, ваша Бони“.
Во прилог, погледнете за што станува збор:
автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Лична архива/Бони