Пред неколку дена Цветелина Јанева во социјалната мрежа Facebook сподели неколку слики, над кои пишува „Страх ме е“.
Нејзините фанови веднаш побрзаа со коментари и предвидувања дека тоа е насловот на новата и песна која ќе излезе наскоро со видеоспот , и очекуваат секој момент да разберат повеќе информации околу проектот.
А, дали тој ќе биде во поп фолк стил, или пак во поп како што беше и претходниот сингл на пејачката “Още колко нощи”, останува само да чекаме за да видиме до неговата премиера.
Автор: Наташа Секуловска