Бугарската попфолк дива Глорија ја испраќа оваа година, како една од најуспешните, не само во личен план, но и на професионален.
Таа реализира неколку музички проекти, кои со сигурност станаа едни од најслушаните песни не само во соседна Бугарија, но и низ дијаспората, радувајќи ја публиката со своите концерти и уште еднаш покажа дека е незаменлива во својот жанр. Го освои и срцето на слушателите на народната музика со новите песни “Мерак”, “Не тъгувай, момиче” и познатата песна “Градил Илия килия”,која прозвучи во нов аранжман и е во дует со нејзиниот колега Николај Славеев, a вооедно и одлично се претстави и на познатиот фестивал „Пирин Фолк“ во градот Сандански.
Глорија ја изненади публиката и со баладата „Кадифе“, која ја сними во Рим, Италија, а се искачи на врвот на музичките топ листи со дуетите „Просто съвършени” и “Jace, Jace/ Обратно в Рая”, во изведба со Тони Стораро и српскиот пејач Драган Којиќ- Кеба, а ќе имате можност да ја слушните песната екслузивно и во новогодишната програма на DM SAT TV, каде што Глорија беше специјална гостинка на традиционалната забава која ја организира Драгана Мирковиќ.
За „најлудата ноќ“ таа ќе пее пред публиката во Лондон, Велика Британија, каде што има закажано настап во “Селби центар“ и веќе има подготвено посебна музичка програма со која планира да пренесе многу свежо расположение во срцата на сите гости на забавата.
Исто така, екслузивно ви го претставуваме новиот традиционален новогодишен календар на Глорија, затоа што таа важи за пејачка која секогаш снима нови фотосесии и плени со својата убавина и харизма и истиот е достапен и може да го порачате онлајн од нејзиниот сајт.