Маја Беровиќ е готова со својот нов музички албум, кој ќе го носи насловот „Intime“ и неговата премиера е закажана најпрво на нејзиниот канал во YouTube за 6-ти август, точно во 14 часот, а до крајот на овој месец се очекува да излези и во продажба на музичкиот пазар.
Албумот содржи 10 нови песни, кои повторно се дело на браќата Буба Корели и Јала Брат со кои Маја соработува последниве неколку години и со тоа целосно го промени музички стил, внесувајќи поп звук кон своите песни со кои достигна милионски прегледи и успешен солистички концерт.
Сите десет песни ќе бидат проследени со видеоспотови, а што точно ни има подготвено останува да видиме.
Автор:адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Маја Беровиќ