Маја Беровиќ новиот албум го претстави со виртуелни спотови

Маја Беровиќ  и нејзиниот тим  вредно работеа  на последните подготовки на нејзиниот најнов музички албум кој го носи наслoвот Милион“, кој ова лето на нејзиниот YouTube канал ја направи својата премиера  и со самата појава веднаш го привлече вниманието на публиката.

Она што беше главна тема на социјалните мрежи, е тоа што Маја за прв пат одлучи да не сними видеоспотови на своите нови песни, а одлучи да ги претстави како виртуелни спотови, во кој таа е главен виртуелен лик.

По повод премиерата на албумот, на кој беа поканите медиумите таа изјави:

„Мислам дека ова долго чекање се исплати. Бев многу нестрплива да ви го претставам својот нов албум, толку многу што имав желба да излези на мојот роденден, али сепак тоа го продолжив за некој ден. Ако ме прашувате која песна е мојот фаворит, не би можела да издвојам само една.“

Маја исто така проговори и за своите здравствени проблеми и моментот кога била на чекор да се откажи од музиката и додека била во болница, настанала емотивната балада „Лав“ која ја посвети на својот син и до овој момент таа песна е една од најслушаните на албумот и потсетуваме дека на овој албум, таа работеше со различни автори и композитори, а и за прв пат се јавува во улога и на текстописец.

Автор: Наташа Секуловска
Фото: Маја Беровиќ
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *