Попфолк дивата Ивана, позната помеѓу публиката како “Пејачката на народот“, последните две години немаше издадено нова песна и видеоспот, но тоа не беше пречка да реализира многубројни концерти низ соседна Бугарија.
Таа одлучи во 2023-та година да биде попродуктивна и веќе на самиот почеток, само неколку дена пред нејзиниот роденден во месец јануари таа изненади со нова песна која носи наслов „Този цирк“ (Овој циркус).
Парчето наиде на одличен прием кај публиката, кое плесни со силниот текст, во кој ќе се пронајдат многу од вас, за кое Ивана издаде:
„Ги сакам сложените песни, а „Този цирк“ (Овој циркус) е таква. Таа е направена од емоции. Некое може да се натажат, други да се замислат над текстот. Среќна сум што ги имам до себе прекрасните Стојан и Румјана, со кои мислиме по еден и ист начин, со кои ја правам музиката која ни се допаѓа, со кои ги споделувам своите емоции…“
Песната ја направи својата премиера во официјалниот канал на телевизија Планета во Јутуб, но и по програмата на телевизијата и есклузивно ви откриваме дека таа е готова со повеќе нови песни и што се ни има подготвено останува да видиме.