Галена порача „Ако ова е твојата историја, не заборавај дека со музика секогаш е полесно“

Декември е месецот кој со сигурност ќе остани запаметен долго во срцето на обожователите на Галена, затоа што во очекувањето на новата година таа ги израдува со баладата „Честит Рожден ден“.

“Тој има роденден, но таа песна е подарок за тебе. Ако ова е твојата историја, не заборавај дека со музика секогаш е полесно. Благодарам на сите, што се потрудија да ви ја подарам песната „Среќен роденден “ на крајот на оваа година. Пријатно слушање и гледање“- изјави Галена .

Processed with VSCO with c1 preset

Парчето е по музика на Филип Младеновиќ – One Music и Corona, со аранжман на Даниел Ганев, додека пак за силниот текст се погрижија Мариета Ангелова и Костадин Милев. Видеото е снимено од страна на режисерот  Виктор Антонов -Рик и истото може да го гледате во програмата на телевизија Планета.

Галена исто така, ексклузивно откри дека после две успешни сезони на „Гласот на Бугарија“ повеќе нема да биде ментор и да учествува во шоуто:

„Гласот на Бугарија“ е силна емоција. За мене беше вистинско задоволство да допрам до талентот на сите учесници во последните две сезсони и да работам со неверојатниот тим Дара, Љубо и г-дин Лечев. Јас ја исполнив мојата мисија – на сцената да прозвучат повеќе од нашите убави бугарски песни! Сакам да застанам, кога ми е најубаво, затоа е време за следниот голем проект. #ОтборГалена засекогаш ќе остане во моето срце!“

Што всушност ни има подготвено останува да видиме, а потсетуваме дека за Новогодишната ноќ таа ќе пее во Доминиканската Република, за што има подготвено посебен музички репортоар.

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ/Payner.bg
©Estradaworld.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *