Славена ја претстави својата најнова песна „Опасни играчки“, која е по нејзина музика и текст. Со овој нејзин нов проект, пејачката за прв пат се јавува и во улогата на композитор и текстописец.
– „Одамна ја имав идејата за оваа песна и можеби досега не сум имала смелост да ја направам. Ете дојде времето да ја претставам својата авторска композиција и сум многу задоволна. Се разбира треба да му се и на заглагодарам на Теодор Ташев, кој го направи овој прекрасен ангажман!“ – сподели Славена.
Инаку видеото е дело на режисерот Иво Гергинов и екипата на Ненчо Касамов. Дали ви се допаѓа новата песна на пејачката ќе научиме од вас.
Автор: Наташа Секуловска