Пред неколку часа Джена ја претстави својата нова песна „Спри да ми досаждаш“.
За новиот проект пејачката се довери на веќе познатиот тим кој ја создаде и песната на 2014 година „Моли се да не почна“, композиторот Оцко и Мариета Ангелова која го напиша текстот. За спотот се погрижи режисерот Николај Шопов со која Джена работи за прв пат.
Во спотот таа глуми студентка, а заедно со неа во него учество земаат и нејзини обожаватели, кои исто така се студенти и самата таа ги покани да се вклучат во видеото.
Автор: Наташа Секуловска