“Тихо” е најновиот спот на Марија, кој беше претставен во официјалниот канал на телевизија “Планета” во Youtube – Planeta Official. Таа успеа да ги изненади нејзините фановите со интересна песна, во која посебно учество има и пејачката Елена Паришева.
Автор на музиката е Кости Јонита со кого Марија работи неколку години наназад додека пак текстот е на Тина Денчева, а пак режисер на видеото е Људмил Иларионов-Луси. Ексклузивно ви го претставувме новиот проект на бугарската пејачка Марија, а дали ви се допаѓа ќе научиме од вас.
Автор: Наташа Секуловска