“Роклята ти пада” е најновата песна на Галин. Во неа специјално учество зема и неговата колешка Јаница, која се вклучува и во видеото. Само за неколку дена проектот успеа да собере висока гледаност во официалниот канал на телевизија Планета во YouTube – Planeta Official.
Автор на музиката и аранжманот е Јорданчо Василковски-Оцко, а текстот е на Станислава Василева. За видеото Галин се довери на Bashmotion со кои работи за прв пат и споделува дека е задоволен од крајниот резултат и се надева дека ќе им се допадне на неговите фанови.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Теди Грозданов