Емилија после шест месеци своите фанови ги израдува со чисто нова песна „Ето ме“, а инаку на наградите на Планета Тв во фебруари ја претстави во своја верзија песната „Втори дубъл“ која е инаку на нејзината колешка Вероника.
Новото летно и динамично парче е по музика и аранжман на македонскиот композитор Јорданчо Василковски- Оцко, текст на Анастасија Мавродиева, а како режисер на видеото се потпишува Николај Скерлев. Пред извесно време Емилија за нас во интервјутото што ексклузивно ни го даде сподели дека подготвува песна на Оцко:
Во нашата работа промените стануваат од денес за утре, па не можам да бидам поконкретна, но сакам да ги пуштам овие две песни: на Оцко и ” Втори дубъл”. Потоа не знам каде ќе ме одведе лудилото на уметноста, бидејќи тоа е нормално за уметноста. Не знам со каква желба ќе се разбудам утре и што ќе ми текне, итн. Понекогаш сето тоа е многу спонтано…
Она што особено ги воодушеви нејзините фанови е тоа што во песната пее и на француски јазик, а дали и вас ви се допаѓа ќе научиме од вашите коментари.
Автор: Наташа Секуловска