(Видео) Ивана ја освои публиката со “Ало, мамо” и “Всичко е наред”

Пред само неколку дена Ивана представи два нови музички проекти  “Ало, мамо” и “Всичко е наред”, и како и секогаш остана верна на себе си и успеа да ги израдува нејзините фанови и да им подари свежо расположение во летните денови предизвикувајќи позитивни коментари. Двете песни имаа премиера во официалниот канал на Планета Тв во YouTube – Planeta Official, како и по “Планета Тв“ и „Планета Фолк“.

Многу сум среќна и задоволна дека двете нови песни -” Ало, мамо” и “Всичко е наред“ се примија толку добро. Ви благодарам за пријателството и довербата. Мене ми е доволно вашето одобрение и оценка  за да се чувствувам прекрасно денес “, изјави пејачката која наесен ќе издаде и нов албум, кој се очекува со нетрпение. 



Автор: Наташа Секуловска


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *