“Мома Шопкиня” е најновата заедничка песна на Джена и нејзиниот сопруг Атанас Стоев –Џуниор од оркестар Канарите. Првата песна, која доби своја премиера овој месец беше “Бяла Калина”, со што и двете се дел од музичката програмата “Да разместим пъзела”.
Песните беа одлично примени од обожавателите на фолклорот, а тоа донесе многу радост за Джена ,која не пропушти да изрази благодарност до сите нив и откри детали за фолклорниот албум кој го подготвува .
“Ви благодарам на сите! Одамна работиме на албумот со оркeстар Канарите и успеавме да подготвиме пет нови песни. По раѓањето на детето ќе го довршиме албумот и ќе ви го претставиме 🙂 Ве сакаме! “, напиша пејачката во нејзината официјална страница во facebook .