Месец по официјалната премиера на песната “Всичко е наред “, Ивана ги израдува своите обожаватели и со ремикс на синглот. Тој веќе може да биде гледан во официјалниот канал на телевизија “Планета” во Youtube – Planeta Official, како и по Планета Тв.
Ремиксот на песната е создаден од Ленко Драганов, а видеото изобилува со нови и различни кадри кои до овој момент не се прикажани. Ексклузивно ви го претставуваме, а дали ќе ви се допадне ќе научиме од вас.
Автор: Наташа Секуловска