“Всичко знаеш” е првиот поп фолк проект на Джена за 2016 година, после народната песна “Любе, Атанасе”.
Песната и видеото беа претставени пред само неколку дена , а веќе фановите ја определија како еден од хитовите на зимата. Режисер на видеото е Станислав Христов.
Автор на прекрасното љубовно парче е самата пејачка, додека пак за аранжманот беше задолжен Боби Павлов. Специјално учество во песната зема и вереник на Джена – Атанас Стоев, чија појава во кадрите ја засилува пораката на проектот за инспиративна сила на вистинската љубов.
Автор: Наташа Секуловска