Преслава ги избра првите денови од пролетта, за да ја представи својата најнова песна “Чуплива и влюбена”. Парчето за само неколку часа собра повеќе од 190 000 прегледи во официјалниот канал на Планета Тв во YouTube.
Композиторот Велислав Драганински и авторката Радостина Денчева се авторите, кои ги обединија нивните креативни идеи за новиот хит на Преслава, а ефектното видео е дело на режисерот Николај Скерлев.
За време на снимањето на новата песна, пејачката сними и нова фотосесија, а фановите се категорични дека парчето ќе стани еден од хитовите на 2016 година, а повеќе детали околу неговото создавање ќе имате можност да дознаете наскоро во ексклузивното интервју кое Преслава го даде точно за нас.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Георги Малев