После неверојатниот успех на нејзината последна песна „Zali Boze” која излезе во фебруари, Лепа Брена денес ги израдува нејзините фанови со нов сингл.
Песната се вика „Carica”, која е по музика и аранжман на Дамир Хандановиќ, додека пак за текстот се погрижи Марина Туцаковиќ. Спотот е дело на Toxic Entertainment, и веќе можат да се прочитаат првите пофалби за новиот проект на балканската дива, која и понатаму со своите хитови ги полни стадионите и клубовите ширум Европа и Балканот.
Автор: Наташа Секуловска