Само за неколку дена по премиерата во Planeta Official во YouTube – “Етикет единствена” на Татјана предизвика вистинска сензација помеѓу нејзините фанови. Видеото се радува на завиден број прегледи кои до овој момент се повеќе од 400.000, а пејачката е повеќе од задоволна од реакцијата на фановите.
“Кога една песна и интересот за неа зборуваат сами по себе, моите зборови и суперлативи се непотребни. Публиката и фановите ми се оние кои го дадоа својот одговор за тоа дали песната им се допаѓа и дали ќе биде хит ” – сподели татјана специјално за нас.
Песната е дело на композиторот Дејан Димитров и по текст на Тина Денчева. Во новото видео сексапилната пејачка демонстрира многу стил и убавина, прикажани низ пет различни визии. Во дел од кадрите за видеото беа користени и специјални ефекти, а тоа е реализирано од страна на режисерот Николај Скерлев.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Чавдар Димитров