Српската пејачка Катарина Живковиќ предизвика воодушевување кај својата публика со песната „Сијам“.
Проектот беше претставен пред неколку дена во официјалниот канал на IDJVideos TV на YouTube и е со брз и енергичен ритам, за кој е заслужен композиторот Марко Џурашевиќ – Махони, додека пак текстот кој предизвика лавина од позитивни коментари низ интернет пространството е на Ратко Савиќ.
Попфолк пејачката, исто така ги воодушеви своите обожователи и со новиот стајлинг. Имено, во видеото имаме прилика Катарина да ја видиме во едно доста провокативно издание, затоа што српската пејачка, како и секогаш умерено знае да ги поврзи жешките сцени со секси, заводлив изглед, кои се нејзина запазена марка последните неколку години.
Во прилог, поглднете ја песната „Сијам“