Роксана готова со две нови песни

Роксана ја запиша својата нова песна од Оцко. Како што сподели таа за нас, пред неколку дена подготвува неколку нови песни и дуети.

Работам на неколку нови проекти за кои засега нема да откријам ништо овој пат сакам да е изненадување. Два од проектите се речиси готови. Едната песна е на Оцко – македонски композитор и голем талент, а втората повторно на Велислав Драганински. Ќе има и дуети, но кога ќе дојде време и ќе дознаете. Изненадувањата од мене претстојат.“ – сподели таа.

На текстот за новата песна, таа се довери на Лора Димитрова. А, во меѓувреме таа планира да снима и спот за песната „Самотни хора“, кое ќе биде факт  до крајот на месец февруари.

Автор: Наташа Секуловска
      

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *