Откако ДесиСлава се врати од Малдивите, каде што беше на егзотичен одмор со својот партнер Благој Најденов, целосно се посвети на сцената и публиката.
Пејачката започна вистински музички маратон, проследен со серија на клубни настапи во соседна Бугарија. Имено, нејзините концерти, секогаш биле очекувани од страна на нејзините обожователи и предизвикале вистинска еуфорија.Богатиот нејзин репертоар ги вклучува најголемите нејзини попфолк хитови, бугарски фолклор, но и поп парчиња кои го прават секој нејзин концерт неповторлив.
Сосема неслучајно таа е носителка на многу награди во овој жанр, а најновата статуетка што ќе ја додаде во својата колекција е за “Попфолк хит на годината”, за песната „И на всички като тебе“, спроведена во рамките на музичкиот сајт во Бугарија – Signal.bg.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв