Дамите отсекогаш уживале внимание од страна на своите многубројни обожаватели. На меѓународниот ден на жената ( 8-ми март), самите тие избраа да ја зарадуваат понежната половина од човештвото со оригинални желби.
Нашите најпознати пејачки Елена Велевска и Џесика Палашоска, се обратија кон дамите со следните пораки:
Елена Велевска: ”Жените се нежен пол,но за мене се најчелични.Посебно мајките се богињи пред кои се молчи со факти.Во чест на сите мајки мојата најнова песна “Една е мајка”.Споделувајте во чест на вашата мајка
”

Џесика Палашоска: “Да се биде жена значи да се биде столб на еден дом, борец, да се носат на грб сите тешкотии што ги носи времето, а сепак да се остане исправена, горда, самоуверена и убава во секоја до животот, бидејќи да не жената не би постоел ни овој свет. Честит празник драги дами, сакајте се и почитувајт се секој ден од годината. Насмевката на вашето лице е секогаш најубавиот подарок на вашите најблиски”.
💋
💋
💋



Додека пак, познатите дами од соседните балкански земји порачаа:
Емилија: “Ова е најскапиот мојот подарок од моето сонце, Иван! Среќен празник на сите вистински жени! ЖЕНИ, кои се родители без оглед на се, ЖЕНИ кои не запираат пред ништо, за да работат и да се развиваат, и покрај тешкото секојдневие, ЖЕНИ кои паѓале и имаат храброст да се соочат, ЖЕНИ, кои поради кои мажите се прават глупави … ЖЕНИ, убави, паметни и бунтовни “.
Галена:“Среќен 8-ми март на сите девојки, жени и мами-ураган! Бидете убави, инспиративни, возбудливи, силни и горди, и не престанувајте да се стремите кон своите врвови! Некаденес се чувствувате многу специјални, сакани и среќни од убавите гестови со кои ќе ве опсипат! И утре пак! И секој нареден ден! Бакнежи и прекрасен празник!”
ДесиСлава: “Ви благодарим за прекрасните подароци и уникатните емоции кои ми ги подаривте пријатели и обожаватели! Ми го направивте празникот незаборавен! Ве сакам и сум среќна што има”. !!! ❤❤❤
Емануела: “Среќен 5,6,7,8-ми март на сите жени и мајки. Бидете благословени, сакани и секогаш себе си”.
Анелија: “Среќен празник на сите дами!Бидете секогаш Жени со главно Ж -нежни и насмеани, силни и убави, сјајни и неодоливи!”
Джена: “Денес го славиме Меѓународниот ден на жената. Во Бугарија на овој ден се смета дека слават нашите мајки, баби и жените. Се разбира, секоја дама заслужува да биде израдувана, затоа направете ги жените и пријателките денес среќни и насмеани. Весел празник на сите! “
Марија: “Среќен празник на сите дами и мајки! Бидете здрави и многу сакани!
Преслава – “Бидете ѓаволски пожелувани и сакани, бидете нечие слабо место. Весело расположение и пријатно да си поминете за празникот “.
Estrada World им го честита 8-ми март на сите дами со желба да бидат здрави, среќни и многу сакани.
Автор – Наташа Секуловска
Автор – Наташа Секуловска