Една од најпопуларните српски пејачки Александра Пријовиќ,денес ја објави својата најнова песна „Тестамент“ која е дел од нејзиниот прв музички албум кој излегува за неколку дена, и која со сигурност ќе стани една од летните хитови.
Музичкото парче е по музика и текст на Драган Брајовиќ – Браја, аранжан на Дејан Абадиќ, додека пак видеото е реализирано од страна на IDJVideos. Имено, на новиот албум се наоѓаат неколку нови песни кои ќе бидат претставени следните неколку дена со видеоспотови, а меѓу новите песни се и „Telo“, „Klizav pod“, „Mesto zlocina“, „Voljena gresko“ од кои ексклузивно ви претставуваме дел од нивните текстови објавени на инстаграм профилот на Драган Брајовиќ.
Автор – Наташа Секуловска