Емануела и Константин, пред броени минути во ефирот на телевизија Планета го претставија својот втор дует.
Парчето “Още те обичам” е по музика на Sasa Dinic, т.е кавар на големиот хит на Александра Пријовиќ и MC Stojan „Sta bi“, со аранжман на композиторот Даниел Ганев и текст на Анастасија Мавродиева. Режисер на видеото е Људомил Иларинов – Љуси.
Денешната дата не е случајно одбрана за премиерата на новиот музички проект, од страната на двајцата исполнители на музичката компанија „Пајнер“. Имено, денес именден слави Димитар, помалиот син на Емануела, а вооедно на оваа дата пред две година таа стана исполнител во каталогот на фирмата.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв