Вања го испраќа месец април, со нов видеоспот. Станува збор за песната „Втори живот“, која е создадена по музика од нејзина страна, додека пак Јордан Георгов го напиша текстот, која предизвика многубројни коментари низ интернет пространството со својата силна порака. Динамичното музичко парче е по аранжман на Борислав Павлов, а во него нејзините обожователи имаат можност да слушнат интересни ориентални мотиви.
Видеото е дело на режисерот Николај Скерлев, во кое Вања се довери целосно во однос на стајлингот на својот сопстевен стил и вкус, а за време на снимањето сними и нова фотосесија.
Публиката ќе има можност денес да ужива во премиерата на песната на клубната сцена во ноќна Софија во клубот Night Flight.
Во прилог, погледнете го музичкиот проект:
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв