Илијанги израдува своите обожователи со својата нова песна „Не сме приключили“, која официјално ја претстави и на својот роденден пред неколку дена во ноќниот клуб Club Eleven во Софија.
„Со песната „Не сме приключили“, правам остар пресврт во својата кариера. Едноставно ја рестартирам својата кариера, животот, а пред се музиката. Ви благодарам што сте тука и што ме подржувате. Благодарам и на Бог“ – сподели Илијан.
Парчето е по музика на композиторот Даниел Ганев, а текстот е дело на Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Видеото кое носи летно расположение е на режисерот Људмил Иларионов – Љуси и е снимено во Кавала – Грција.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ