Сексапилната пејачка Татјана, одлучи својот роденден оваа година да го прослави со нова песна, која е во дует со нејзиниот колега Adnan Beats, кој вооедно е и автор и на музиката и на текстот на провокативното музичко парче “Мамасита“.
Во видеоспотот кој е режисиран од страна на режисерот Николај Скерлев, имаме можност за прв пат да ја видиме пејачката во сосема различен имиџ, некарактеристичен за неа, истакнувајќи го целиот свој сексапил и одличната форма.
„Оваа година сакав на мојот роденден да пуштам песна и со тоа да направам подарок кон сите мои обожователи кои толку многу години ме сакаат и ме следат. Тие го заслужуваат најдоброто“ – сподели Татјана за Планета ТВ, дополнувајќи „За мене годините се само бројка, затоа што нашиот надворешен изглед ни покажува како се чувствуваме и како сме“.