Нашата позната пејачка Елена Велевска, одлучи после десет години брак да стави негов крај и дасе разведе од сопругот Марјан со кого има три малолетни деца Софија, Марко и Калија.
За овој настан, таа јавно проговори и на социјалните мрежи, откако низ медиумите почнаа да се шпелукираат невистини за неа, појаснувајќи дека одлучила да стави крај на тортурата, се со цел нејзините децата повеќе да немаат шокови и стресови и како секој родител се труди децата нормално да продолжат да живеат, започнувајќи бракоразводна парница.
„Деновиве моето име можевте да го прочитате намногу медиуми. Некаде вопозитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. Зада нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,бисакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив дапокренам бракоразводна парница.
Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред сенајвеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај.
Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме– замојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам…
Животот за нас оди понатаму. Ви благодарам наразбирањето и поддршката“ – изјави таа.
Автор: Наташа Секуловска