Ексклузивно: Емилија подготвува многубројни изненадувања за обожователите

Бугарската пејачка Емилија сними фотосесија за нејзиниот нов лимитиран календар кој ќе излези во текот на месец декември и ќе биде пуштен во продажба низ цела територија на Р.Бугарија преку дистрибутивната мрежа на фирма Пајнер.

Фотосесијата ја реализира фотографот Теди Грозданов, кој овој пат успеа да ја долови целата нежност и убавина на Емилија, а за која се погрижија Цецо Андреев ( шминка), Момчил Спасов (коса) и Антонија Јорданова (стајлинг).  
Имено, покрај многубројните настапи овој месец, талентираната пејачка одвои време да сними нова песна, која ќе биде придружена со видеоспот и се очекува за неколку дена да излези по телевизија Планета, вооедно најавувајќи го својот  нов двоен музички албум кој ќе излези на  CD и DVD пред почетокот на Новата година.

Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *