Емилија после три успешни дуети со Тони Стораро и неговиот помал син Емрах, таа одлучи да ги израдува обожователите со провокативен музички проект кој е во дует со Фики Стораро.
Песната „На всички в устата“ ја направи својата премиера во официјалниот канал на пејачката во YouTube и секој ден се радува на се поголема популарност, а е дело на Фики и Светлин Кслев. Видеото кое и понатаму е тема на дискусија низ социјалните мрежи, поради провокативната улога на Емилија е на режисерот Валери Милев.
Емилија и Фики повторно покажаа дека имаат осет за музички хит кој ќе се слуша долго време и ќе биди тотален хит по сите клубови, дискотеки, но и по музички топ листи не само во Бугарија, но и на Балканот.
„Определено ги изненадивме обожователите, не само со стилот и темата на песната, но и со нејизната појава во целост. И двата за прв пат работиме со Светло Кслев и Валери Милев. „На всичките в устата“ е еден доста успешен почеток на една заедничка работа, барем за мене“ – сподели Емилија.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Планета ТВ