(Видео) „Не те забравих“ – нов сингл од Камелија

 

Камелија, како и секогаш е иновативна и во чекор со музичките трендови, па овој месец изненади со уште една песна покрај „Иди си“. Овој пат станува збор за најновиот и хит кој носи наслов „Не те забравих“.

Песната веќе ги руши рекордите по слушаност во соседна Бугарија и до овој момент има над 1 милион прегледи, што доволно зборува за нејзината популарност. Таа е дело на српскиот композитор Милош Рогановиќ, со аранжман на DIAMOND BEAT PRODUCTION, додека пак за текстот се погрижија Камелија и Костадин Милев. Видеоспотот е повторно дело на режисерот Валери Милев, со кој Камелија работи во последно време, а во прилог погледнете за што станува збор:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета ТВ



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *