![]() |
Лепа Брена |
Лепа Брена која во текот на летото имаше незгода кога падна од стол и си ги скрши двете раце, сега успешно оздравува. Пред извесно време го отстрани гипсот од левата рака, а од неодамна и од десната.
Иако цело време и беа рацете во гипс, на пејачката насмевката не и слегуваше од лицето. Како и секогаш беше весела и расположена, па така често можеше да се видат слики од неа на социјалните мрежи со кои ги радуваше нејзините фанови и им порачуваше да не се грижат за неа.
Сега конечно Брена може после кратката пауза да се врати на нејзината работа и на настапите, кои мораше да ги откаже поради несреќата. Првата земја која ја очекува е Австрија на 18 октомври.
Автор: Наташа Секуловска