Джена даде специјално интервју за емисијата „Автограф“ по Планета ТВ. Пејачката сподели дека се чуствува полна со енергија за работа, откако се одмори три седмици и успеа со нејзината сестра да го посетат и Дубаи -градот кои ги оставил без зборови.
Среќна е што животот и е исполнет со музика, почнувајќи уште од мала да пее, а потоа и завршила и музичко училиште за кое споделува:
– „Во моето срце секогаш ќе остане народната музика и годините во Котел. Многу често си спомнувам за музичкото училиште, за моите професори и за она што ми дадоа сите тие.“
Джена вели дека е човек кој не престанува да сонува, а во музичкиот план има две многу големи соништа. За две години таа ќе одбележи десет години на музичката сцена, затоа едната нејзина желба е поврзана со тоа да направи еден голем концерт со кој ќе се гордеат нејзините фанови, а другата желба е кончено да стани Пејачка на годината, бидејќи и навистина го заслужува тоа.
Автор: Наташа Секуловска