Преслава и Галена ги израдуваа фановите со “Живей”!

Преслава и Галена после успешниот дует “Хайде, откажи ме“ фановите ги израдуваа со нов кој е вклучен во најновиот албум на Галена – КОЙGALENA.

Песната се вика “Живей” и е по музика и аранжман на македонскиот композитор Јорданчо Василковски – Оцко, додека пак за текстот се погрижи Мариета Ангелова. Проектот направи своја премиера во официалниот канал на Планета Тв во YouTube – PlanetaOfficial  со специјално слајдшоу. Ексклузивно ви ја претставуваме, а дали ви се допаѓа ќе научиме од вас.

Автор: Наташа Секуловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *