Бугарската дива Глорија во саботата одржа неверојатен концерт во Кавадарци. Многубројна публика се собра во Night Club ”Al Pacino”, каде што пејачката беше специјален гостин и уште еднаш докажа дека неслучајно е изведувач, чие име е синоним на перфекционизам во секој поглед.
Ѕвездата на музичката компанија “Пайнер” имаше подготвено специјален музички репертоар за публиката, кој ги вклучуваше освен нејзините најголеми музички хитови, како и многубројни македонски народни песни. Глорија продолжува со своите концертни настапи, но паралелно со тоа сериозно се подготвува и за својот јубилеен концерт, кој ќе се одржи на 30 септември во Сала 1 на НДК во Софија.
Автор: Наташа Секуловска