„Дразни ме пак“ е најновото парче на бугарската пејачка Джена кое е по идеја на пејачката и нејзиниот свршеник Атанас Стоев – Џуниор. Музиката е создадена од неа и нејзиниот колега, виолинистот Ѓорѓи Георгиев, аранжманот е на Боби Павлов, а текстот е на писателката Анастасија Мавродиева.
Морскиот спот, кој изобилува со летно расположение е дело на режисерот Ивајло Спасов, а е снимен во Равда, во кој специјално учество има и балет Fame. Она што го предизвика вниманието кај публиката е пиратското знаме на кое пишува „Джена или смрт“ кое всушност е симбол на нејзина фен група во социјалната мрежа Facebook.
Само неколку минути по премиерата си, песната даде сериозна најава дека ќе се претвори во една од омилените песни оваа лето, а можеби и еден од најжешките хитови на сезоната.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Атанас Стоев