Романтично лето за бугарската пејачка Джена

После големата блескава свадба, која ја приреди бугарската пејачка Джена со Атанас Стоев и романтичното патување во соседна Грција на Закинтос, пејачката повторно се врати на музичката сцена.

Веднаш по свадбата заминавме за Грција, бевме во Закинтос и се одморивме прекрасно само ние двајцата – многу љубов, многу прошетки, си изнајмивме и  свој брод,  пливавме и се наполнивме со нови сили за работа“,  – открива Джена.
Имено таа  е чест посакуван гостин не само во Бугарија, туку и во странство и често патува по светот за меѓународни концерти. Оваа седмица таа ќе пее во Обединетото Кралство, каде што со своите хитови ќе ги радува своите многубројни обожаватели.


Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *