Ѕвездата на македонската сцена Елена Велевска е најновото музичко име во бугарската музичка компанија “Пайнер“.
Пејачката, која ја разби претставата за поп-фолкот и со златни букви во историјата на македонската музика го запиша своето име, потпиша договор со најголемата музичка компанија во Бугарија. Таа како и секогаш – провокативна, оригинална, неповторлива, уште откако ја сними својата првата песна “Сонувам” на 15 години, целосно ја освои публиката со нејзините хитови и староградските песни, и одлучи својата кариера да ја продолжи во соседна Бугарија.
Иако сите се прашуваат како е можно од 24 часа на ден да мислиш за работа 25, Елена е категорична дека додека гледа дека луѓето ја сакаат и имаат потреба од нејзините песни- за неа нема запирање.