После осум години, Соња Немска со нова балада!

Соња Немска подготвува големо изненадување за своите фанови. Пејачката е исклучително среќна, што конечно ја исполнила желбата на сите фанови, кои со години очекуваат да сними нова балада.

Песната е по музика и аранжман на Diamond Beat Production, а стиховите се напишани од поетесата Мариета Ангелова. Пејачката веќе сними и видеоспот,  со режисерот Људмил Иларионов – Луси, кој се очекува наскоро да се заврти по Планета Тв.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *